
Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње е на прагот да го напушти Наполи, а би можел кариерата да ја продолжи во Премиер – лигата.
По одличните игри на Европското првенство, но и преговорите со Наполи кои премногу се оддолжија, Инсиње би можел да се пресели на Островот.
Крилниот напаѓач влезе во последната година од договорот, па Наполи јасно му порача дека ако не стави потпис на нов договор ќе биде продаден ова лето. Ливерпул и Тотенхем внимателно ја следат ситуацијата со Инсиње и сакаат да го донесат во своите редови. Наполи е подготвен да го продаде бидејќи не сака да го загуби играчот без обештетување следното лето, а и за него бара отштета од 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski