Италијанскиот калчолигаш Торино сака да го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на позајмица за новата сезона во Серија А. Во овој тим Елмас би добил многу поголема минутажа и можност комплетно да го искаже својот потенцијал во италијанскиот шампионат.
Последниот збор сепак ќе го има тренерот Лучијано Спалети и раководството на Наполи. Елмас секако сака да се наметне во дресот на Наполи.
Желба на Торино е и Енис Барди. Би било одлично доколку тандемот од репрезентацијата би се споил во ист тим и во Серија А. Леванте за Барди бара отштета од 15 милиони евра.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













