Францускиот интернационалец Самуел Умтити е на излезна врата од Барселона. Тој не успеа да ги оправда очекувањата поради бројните повреди, а клубот се обидува на секој можен начин да го намали ростерот поради проблемите од финансиска природа.
Ова ќе го искористи Пеп Гвардиола, менаџерот на англискиот првак Манчестер Сити кој би сакал да го има Умтити во тимот и да ја зголеми конкуренцијата во одбраната.
Умтити дојде на „Камп Ноу“ во 2017 година, но потоа заработи сериозна повреда на коленото која долго го мачеше и тој никогаш не ја врати претходната натпреварувачка форма. Гвардиола се надева дека сепак ќе успее да го внесе Умтити во потребниот ритам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













