Босанскиот интернационалц Миралем Пјаниќ е на добар пат да се врати во Италија и повторно да го облече дресот на Јувентус. Речиси се е договорено за тој да пристигне на двегодишна позајмица од Барселона во Торино. Потребно е само да биде исполнет уште еден услов, а тоа е Арон Рамзи да замине од Јуве и да ослободи место во средниот ред.
Раководството на Барселона успеа да се договори со Јувентус за позајмица на Миралем Пјаниќ во наредните две години, а фудбалерот се сложил на намалување на годишната плата. Тој во Барселона заработуваше 8 милиони евра по сезона, но во Јувентус ќе инкасира значително помалку. Сепак, Пјаниќ сака да ја заборави лошата епизода на „Камп Ноу“ каде не успеа да се наметне и повторно да игра во дресот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













