
Прославениот фудбалер и тренер на Црвена звезда, Иван Топлак, почина денес во Марибор на 90-годишна возраст.
Иван Топлак е роден на 21 септември 1931 година во Белград (Кралство Југославија). Играчката кариера ја започна во Словенија, во помладите категории на Браник од Марибор, а потоа се етаблираше во Олимпија Љубљана. Тој играше за Црвена звезда од 1954 до 1961 година, одигра 210 натпревари и постигна 144 гола.
Топлак работеше како тренер во Црвена звезда од 1964 до 1966 година, а потоа замина во САД, каде исто така работеше две години како универзитетски професор на Стенфорд. По враќањето во Југославија, тој со години беше професионален тренер во Фудбалскиот сојуз на Југославија.
Иван Топлак работеше со младата и олимписка репрезентација на Југославија, со која беше четврти на Игрите во Москва во 1980 година, а во Лос Анџелес во 1984 година ја донесе Југославија до бронзен медал. Накратко беше селектор и на А тимот на Југославија во сезоната 1976/77.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
