
Италијанскиот калчолигаш Јувентус започна со подготовки пред неколку дена, а денеска на тимот се приклучи и Кристијано Роналдо. Португалецот имаше малку подолга пауза поради настапот на Европското првенство, но сега се стави на располагање на новиот тренер Масимилијано Алегри.
Како што објавија и претходно од Јувентус, во понеделник наутро Роналдо ќе се појави на тренинг кампот на Јувентус, Континаси, и е подготвен да ги направи воведните тестови и да го започне тренажниот процес.
Со месеци се шпекулираше за иднината на Португалецот. Прво се зборуваше дека Јувентус го продава ова лето, но сега е јасно дека тој ќе ја предводи „старата дама“ и следната сезона.
Роналдо има договор до летото 2022 година и се очекува Јувентус да му понуди продолжување на соработката. Во Серија А, Роналдо минатата сезона постигна 29 голови, а во сите натпреварувања на 54 натпревари постигна 44 погодоци со шест асистенции.
#CR7 è arrivato alla Continassa // CR7 has arrived at Continassa 7️⃣⚪️⚫️ @Goalitalia @Goal pic.twitter.com/MusoBNgX06
— Romeo Agresti (@romeoagresti) July 26, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
