
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е пред трансфер во Ал Ахли, еден од најпознатите и најбогатите клубови од Саудиска Арабија. Ова е комплетен пресврт, ако се знае дека досега беше дел од Премиер – лигата и настапуваше во дресот на Лидс Јунајтед, каде имаше понуда и да остане, а водеше преговори и со Галатасарај, Фенербахче, Трабзонспор, ЦСКА Москва, па дури се споменуваа и Рома и Милан. На крајот, многу веројатно е дека Ал Ахли ќ биде следниот негов клуб, кој е финансиски одлична зделка, но фудбалски е дефинитивно разочарувачка опција.

Според информациите, Ал Ахли на Алиоски му нуди двегодишен договор и можност за заработка од околу 4 милиони евра. Тој доаѓа како слободен агент, во двете сезони ќе има годишна плата од 1,5 милион евра, а дополнителни милион евра ќе добие како бонус од клубот дека за него не треба да плати обештетување.
Пред неколку дена, договор со Ал Ахли потпиша и Бразилецот Паулињо, кој во минатото беше член на Барселона, а потоа настапуваше во Кина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
