Connect with us

Алими е позитивен на Covid-19, Шкендија ослабена во Азербејџан

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Арменд Алими, ќе мора да отсуствува извесен период од терените откако беше обелоденето дека е позитивен на коронавирус. Тетовци ги извршија задолжителните тестирања пред да заминат за Азербејџан, за дуелот од квалификациите за Лигата на Европа, останувајќи изненадени кога дознаа дека Алими е позитивен и наместо да патува со остатокот на тимот, мора да остане дома во самоизолација.

„За претстојниот натпревар со Сумгајт нема да може да сметаме на Арменд Алими. По тестирањата беше утврдено дека овој фудбалер е позитивен на Covid-19. Алими е асимптоматичен, се наоѓа во добра здравствена состојба и ќе остане изолиран во својот дом“, објави Шкендија на официјалната веб-страница.
Алими покрај дуелот со Сумгајт сигурно ќе го пропушти и наредниот прволигашки натпревар на Шкендија, на домашен терен против Борец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови