Connect with us

Ибраими: Нема да биде лесно, но ќе го елиминираме Сумгајт

Најдобриот стрелец на Шкендија, Бесарт Ибраими, е полн со оптимизам во пресрет на дуелот од квалификациите за ЛЕ што тетовци ќе го играат на гостински терен против тимот на Сумгајт од Азербејџан. „Црвено-црните“ утре тргнуваат на пат кон Азербејџан, со надеж дека за разлика од ланската кошмарна европска сезона овојпат ќе бидат на висина на задачата. 
 
„Патуваме за Азербејџан со максимална мотивација, веруваме дека сме доволно силни да ја минеме оваа рунда. Секако, нема да ни биде лесно бидејќи секој натпревар носи потешкотии. Сепак, верувам дека имаме квалитет за да одиграме на високо ниво и да дојдеме до резултатот што го посакуваме и да го освоиме Азербејџан. Живееме во тешки времиња, не само на фудбалски план, туку севкупно гледано низ целиот свет. Пандемијата создава проблеми и потребно е време за да се вратиме во нормала. Јас лично чувствувам проблеми при моите настапи, но верувам дека со напорна работа ќе влезам во ритам. Голот на последниот меч со Македонија ЃП ми ја зголемува самодовербата и ми е мотив повеќе и пред дуелот со Сумгајт“, истакна Ибраими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови