Голем скандал од утрово го потресе Евертон. Еден фудбалер на клубот од „Гудисон Парк“ е уапсен под сомневање за педофилија. Иако поради заштита на идентитетот неговото име не е официјално потврдено, сепак, медиумите на Островот откриваат дека се работи за исландскиот репрезентативец Гилфи Сигурдсон.
Фудбалерот на Евертон е уапсен во неговиот дом, бил на распит во полициска станица, а потоа ја платил кауцијата и пуштен е на слобода. Против него ќе се води понатамошна исграга.
Полицијата соопшти дека уапсената личност е 31-годишен фудбалер на клуб од Премиер – лигата кој е стандарден репрезентативец на својата земја. Се оди кон тоа дека се работи за Гилфи Сигурдсон. По немилиот настан, Гилфи Сигурдсон и неговата сопруга ги избришале сите профили на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













