Францускиот интернационалец Корентин Толисо има дозвола да го напушти Баерн Минхен за сума од 20 милиони евра. Иако има уште една година од актуелниот договор, тој не е во најтесните планови на новиот тренер Џулијан Нагелсман и има дозвола да побара нова средина.
Италијанските калчолигаши Јувентус и Наполи се заинтересирани за Толисо. Новиот тренер на Јуве, Масимилијано Алегри, сака да го засили средниот ред на тимот кој минатата сезона не беше на потребното ниво. Повреден е и Артур и ќе отсуствува на почетокот на сезоната, па Алегри би сакал да го има Толисо.
Лучијано Спалети во него исто така гледа квалитетно решение за средниот ред на Наполи во новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













