Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ ќе отсуствува од терените поради повреда на десниот бут, објави шампионот на Шпанија.
Како што се наведува, репрезентативецот на Црна Гора го повредил десниот квадрицепс. Атлетико не објави колку време 30-годишниот дефанзивец ќе отсуствува од терените.
Поранешниот фудбалер на Партизан и на Манчестер Сити се пресели од Фиорентина во Атлетико во 2015 година, со кого, покрај шампионската титула минатата сезона, тој ги освои и Лига Европа и Суперкупот на Европа (2018) и беше финалист во Лигата на шампионите (2016). Одигра 202 натпревари за тимот од Мадрид и постигна три гола. Натпреварувањето во шпанското првенство ќе започне викендот на 14 и 15 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













