Хари Кејн би можел да одбие да ги започне подготовките со Тотенхем, доколку не постигне џентлеменски договор со претседателот Даниел Леви за заминување од клубот ова лето.
Кејн смета дека Даниел Леви треба да ја прифати понудата од 100 милиони фунти и да му дозволи да замине во Манчестер Сити. Доколку тоа не се случи, Кејн би можел да го искористи рецептот на Герет Бејл. Летото 2013 година, Велшанецот на некој начин го принуди Леви да ја прифати понудата на Реал Мадрид.
Нуно Еспирито Санто, новиот менаџер на Тотенхем, јасно стави до знаење дека смета на Хари Кејн и дека чека да се врати од одмор и да започне со тренинзи.
„Хари е наш играч и тоа е поентата. Нема потреба да зборуваме за ништо друго. Сега е време да ја вратиме енергијата, да се одмориме. Кога ќе се врати, ќе разговараме. Веќе имавме убав разговор, но сега е време да се одмори и да се подготви за сè што следи. Јас сум оптимист и едвај чекам да се приклучи на групата и да работиме заедно“, изјави Нуно Еспирито Санто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal