Connect with us

Расчистени сите дилеми со Роналдо: Јуве, доаѓам и останувам

„Јуве, доаѓам. И останувам “, изјави Кристијано Роналдо, а пренесува најтиражниот италијански весник „Газета дело спорт “.


И покрај гласините дека португалската суперѕвезда ќе го напушти Јувентус ова лето, Павел Недвед вчера изјави дека клубот не добил никаков сигнал од Роналдо дека сака да си замине и додаде дека наскоро го очекува во Торино. Поточно, тој ќе се приклучи на подготовките на 25 јули. Дотогаш е на одмор по завршувањето на Европското првенство.

„Газета“ пишува дека 36-годишниот Роналдо веќе одлучил да остане во Јувентус и следната сезона и дека клубот има намера да му понуди нов договор. Неговиот сегашен истекува следното лето, поради што започнаа гласини за трансферот. Јасно е, Јувентус не сака да го загуби Роналдо без обештетување ниту следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови