Connect with us

Двојно пазарење од Мадрид: Варан и Трипие доаѓаат на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е блиску до доведување на двајца дефанзивци од Мадрид. Стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан и десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипие, за вкупно 80 милиони евра би можеле да завршат на „Олд Трафорд“.


Двата трансфери, како што откриваат медиумите на Островот, веќе се договорени и ќе бидат објавени до крајот на овој месец.


Мисијата за доведување на Рафаел Варан веќе подолг период е активирана кај раководството на „црвените ѓаволи“ и преговорите одат во позитивна насока. Се очекува Варан да го напушти Реал Мадрид и да се приклучи на тимот на Оле Гунар Солскјер.


На „Одд Трафорд“ ќе пристигне и англискиот репрезентативец Киран Трипие, кој е член на Атлетико Мадрид. Тој одлучи да се врати во Премиер – лигата, а го одбра Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови