
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за играчот за врска на Интер и италијански репрезентативец, Николo Барелa, пренесува италијанскиот весник „Република“.
Играчот од средниот ред, кој беше незаменлив дел од репрезентацијата на „аѕурите“, што го освои Европското првенство пред неколку дена, се проценува на 60 милиони евра, што Ливерпул наводно е подготвен да ги плати.
Се чинеше дека Ливерпул не сака да троши премногу, особено по доаѓањето на Ибрахим Конате, кој беше платен околу 40 милиони во Лајпциг. Сепак, Јирген Клоп сака засилување и за средниот ред.
Флоријан Нојхаус, Ренато Санчез, Јури Тилеманс и Саул Нигуез се споменуваа како можни засилувања на Ливерпул, но засега нема ништо од тоа. Николо Барела е најновата цел на клубот од „Енфилд Роуд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
