Италијанскиот вицешампион Милан склучи договор со Реал Мадрид за нова позајмица од Брахим Дијаз. Тој и наредните две сезони ќе ги мине на позајмица во Милано, но без право на откуп на договорот.
Момчето родено пред 22 години во Малага, доживеа бум во кариерата на „Сан Сиро“, каде минатата сезона постигна седум погодоци на 39 натпревари. Тој беше голема желба на спортскиот сектор на „росонерите“, предводен од Паоло Малдини, и конечно доби дозвола за нова позајмица од Реал Мадрид.
Милан селектира квалитетен тим за враќањето во Лигата на шампионите. Оливие Жиру се очекува до крајот на денот да пристигне во Милано, а и Франк Кеси е блиску до останување на „Сан Сиро“ откако му беше понуден нов договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal