
Пари Сен Жермен го официјализира трансферот на Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот репрезентативен голман потпиша петгодишен договор и се обврза на верност до 30 јуни 2026 година.
22-годишниот италијански репрезентативец се приклучи на Пари Сен Жермен од Милан, каде ја започна кариерата во 2013 година.
„Многу сум среќен што сум дел од овој голем клуб. Подготвен сум за овој нов предизвик, се надевам дека ќе продолжам да напредувам и дека во Париз заедно со тимот ќе победувам и ќе освојувам трофеи”, изјави Донарума по потписот на договорот.
Челниците на ПСЖ се среќни што успеаја да го ангажираат најдобриот голман од последното Европско првенство.
„Задоволство е да го пречекаме Џанлуиџи Донарума во Пари Сен Жермен. Му честитаме за победата на ЕВРО 2020 и за титулата за најдобар играч на ова натпреварување. Сигурен сум дека Џанлуиџи ќе добие топло добредојде од сите во клубот, вклучувајќи ги и неговите нови соиграчи, нашиот персонал и сите поддржувачи на ПСЖ”, изјави претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal