
Суперкомпјутерот, кој успеа да предвиди дека Италија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство, а трофејот ќе го освојат „аѕурите“, сега се посвети на новата сезона од Премиер – лигата.
Според предвидувањата на машината, титулата повторно ќе ја освои Манчестер Сити, а ако тоа навистина се случи, тоа ќе биде четврта титула во последните пет сезони за тимот на Пеп Гвардиола.
Меѓу четирите најдобри екипи покрај Манчестер Сити, ќе се најдат Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед.
Суперкомпјутерот верува дека нивната битка ќе биде многу неизвесна до самиот крај и дека сите три екипи ќе бидат на само два бода разлика на крајот од сезоната.
За Арсенал се предвидува да го заврши шампионатот како петтопласиран тим од Премиер – лигата, а зад него се Тотенхем и Лестер.
Вака би изгледала табелата според прогнозата за суперкомпјутерот.
- Манчестер Сити
- Ливерпул
- Челси
- Манчестер Јунајтед
- Арсенал
- Тотенхем
- Лестер
- Евертон
- Лидс Јунајтед
- Вест Хем
- Астон Вила
- Брајтон
- Волвс
- Саутемптон
- Њукасл
- Барнли
- Норич
- Кристал Палас
- Брентфорд
- Вотфорд

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
