Новиот тренер на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, зборуваше за целите на клубот за новата сезона. Тој очекува баварскиот клуб да ја освои десеттата титула по ред во Бундес – лигата, а да направи успех и во ЛШ
„Ќе се обидеме да ја освоиме десеттата титула по ред и да постигнеме максимален успех во Лигата на шампионите и Купот на Германија. Ние сакаме да ги освоиме сите титули што можат да се освојат“, изјави Нагелсман.
Младиот тренер минатата сезона работеше со Лајпциг и оствари одлични резултати. Во Баерн Минхен го замени Ханси Флик, кој ќе седне на селекторското место во германската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













