
Италијанскиот репрезентативен голманот Џанлуиџи Донарума со емотивна порака на Инстаграм се прости од навивачите на Милан. Во текот на денот се очекува тој и официјално да потпише за ПСЖ.
„Некои одлуки се тешки, но тие се составен дел од растењето. Во Милано дојдов кога бев само малку поголем од мало дете. Овој дрес го носев со гордост осум години. Се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, славевме со соиграчите и тренерите и секој што е дел или бил дел од овој клуб. Овој клуб со години ми беше семејство“, напиша Донарума.
„Ова беа неверојатни години што нема да ги заборавам. Сега е време да се збогуваме. Не беше лесно да се донесе одлука, далеку од тоа, и тешко дека некогаш ќе можам да ја објаснам со зборови. Тоа што го чувствувам е дека сега е вистинското време да се направи промена, да се соочам со нов предизвик, да растам и да станам уште покомплетен“, истакна најдобриот играл на Европското првенство, објавувајќи емотивно видео.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
