УЕФА официјално започна истрага против Фудбалската асоцијација на Англија поради големи организациски пропусти пред, за време и по финалето на Европското првенство, кое Италија го доби на пенали на „Вембли“.
УЕФА побара истрага за насилното однесување на англиските навивачи на последниот натпревар на Европското првенство, вклучително и неколку стотици од оние кои влегоа на стадионот „Вембли“ без билети.
ФА на Англија е обвинета за неколку престапи од навивачите пред и за време на натпреварот против Италија, кој беше решен по изведувањето на пеналите (1-1, 3-2 за Италија).
Меѓу другото, прекршоците се, исвиркување на италијанската химна, навивач кој го прекина натпреварот со влегување на терен, фрлање предмети и пиротехнички средства на теренот. Во такви случаи, покрај паричната казна, која е најчеста, можно е делумно или целосно затворање на стадионот за публика, во следните неколку натпревари.
На „Вембли“ во Лондон, 67.000 навивачи присуствуваа на неделното финале на Европското првенство, а вкупниот капацитет на стадионот е 90.000.
Претходно ФА на Англија беше казнета со 30.000 евра за инциденти со навивачи на полуфиналниот натпревар со Данска, вклучително и исвиркување на химните.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal