Пo поразот на Англија во финалето на Европското првенство најмногу се зборува за трите пенали што ги промашија Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Бакајо Сака. Навивачите расистички ги навредуваа играчите, а медиумите со денови го доведуваат во прашање начинот на кој Герет Саутгејт одлучи дека триото треба да шутира пенали.
Откриено е како е донесена таа одлука. Медиумите на Островот наведуваат дека Англичаните тренирале пенали уште од септември и дека е донесена одлука врз основа на тие параметри.
Помошникот на Саутгејт, Стив Холанд, ги запишувал резултатите, а Бакајо Сака имал најдобар ефект од сите играчи. Тој имал подобар процент на погодени пенали од Стерлинг и од Грилиш и бил лидер на скалата на изведувачи што ја имал подготвено Саутгејт.
Но, играчите не го знаеле тоа и биле шокирани кога дознале дека Сака ќе шутира толку важен пенал. Саутгејт одлуката ја донесе врз основа на тренинг сесиите, но таму притисокот е многу помал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













