
Победата на „Вембли“ против 60. 000 Англичани е единствен подвиг во историјата на фудбалот и таа „непријателска“ ситуација, можеби, се претвори во скриено оружје за Италија. Леонардо Бонучи за „Раи Спорт“ потврди дека атмосферата на финалето на крајот само дополнително ги мотивирала „аѕурите“.
„Треба да се игра финале со половина стадион на трибините за секоја репрезентација, но ваква победа на крајот е уште послатка. Тие мислеа дека победија предвреме, ни ја исвиркуваа химната и тоа многу го мотивираше нашиот тим“, изјави Леонардо Бонучи.
Италијанците не ги заборавија луѓето кои го напуштија овој свет поради пандемијата на коронавирусот, а им го посветија трофејот на Давиде Астори и на Паоло Роси.
„Овој трофеј е за сите луѓе што не напуштија во изминатиот тежок период од речиси две години, како и за Давиде Астори и за Паоло Роси, кој беше голем човек. Ова е трофеј за сите Италијанци кои страдаа во изминатиот период, сите тие ни дадоа сила да ја оствариме оваа победа“, истакна Бонучи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
