Шпанскиот првак Атлетико Мадрид ќе го засили својот тим за следната сезона со аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол. По освојувањето на титулата на Копа Америка со „гаучосите“, Де Пол ќе замине на заслужен одмор, а потоа треба да се реализира неговиот трансфер на „Ванда Метрополитано“. Главен иницијатор за трансферот е тренерот Диего Симеоне, кој сака да го види сонародникот во тимот на Атлетико Мадрид во претстојната сезона.
Удинезе за Родриго Де Пол бара отштета од 35 милиони евра. Атлетико Мадрид е согласен на овие услови, а веќе ги договорил и личните примања со аргентинскиот фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













