
Англискиот премиерлигаш Ливерпул се вклучи во трката за ангажман на данскиот репрезентативец Микел Дамсгард кој воодушеви со своите игри на Европското првенство. Менаџерот Јирген Клоп смета дека тој би бил големо освежување за средниот ред на „црвените“. Дамсгард е фудбалер кој може да игра како офанзивен играч за врска, но и како втор напаѓач. Поливалентноста му дозволува добро да се снаоѓа и на крилните позиции.
Покрај Ливерпул, за Дамсгард се заинтересирани и Тотенхем, Интер, Јувентус и Борусија Дортмунд. Сампдорија, чиј играч е Дамсгард, за него бара отштета од 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal