Connect with us

Моментите кои го одбележаа ЕВРО 2020: Пандев, Mакедонците, Ериксен, Роналдо, Италија, Спинацола (ФОТО)

Македонија може да се гордее затоа што беше учесник на Европското првенство. За првпат во историјата нашиот национален тим беше дел од спектаклот на Стариот континент. Се прикажа достојно, гордо, а на големата сцена му кажа „збогум“ на најголемиот фудбалер кој доаѓа од македонските простори, Горан Пандев. Тој на мечот со Холандија на „Јохан Кројф Арена“ стави крај на блескавата кариера во македонската репрезентација. Ја круниса со настапи на ЕВРО.

За нас беше посебно ова Европско првенство. Повеќе од 5.000 Македонци го окупираа Букурешт и ја бодреа репрезентацијата на Македонија на ЕВРО, нешто помалку, но само затоа што Холандија забрани влез од трети земји, беа присутни во Амстердам. Уште еднаш се докажа дека македонските фанови секогаш и секаде ја бодрат Македонија.

Кристијан Ериксен колабираше, но, за среќа се добро се заврши. Медицинскиот тим му укажа прва помош на теренот, а потоа беше итно пренесен на клиника. Беше спасен неговиот живот, вграден му е дефибрилатор, а надежите се дека брзо ќе ја надмине оваа здравствена состојба и дека ќе му се врати на фудбалот.

Кристијано Роналдо на прес – конференција јавно ги тргна шишињата со „Кока – Кола“ и порача дека треба да се пие вода, потоа на Пол Погба му сметаше „Хајнекен“ и станаа вирални сите пораки на фудбалерите на оваа тема, се до последниот прес на Леонардо Бонучи, кој истакна дека пие се, откако Италија го освои пехарот.

Роберто Манчини изгради победничка Италија која покажа најмногу на Европското првенство, играше офанзивно, модерно, ја елиминира Белгија, потоа и Шпанија, а во финалето на „Вембли“ на пенали славеше и против Англија. Апсолутно заслужен пехар за „аѕурите“.

Леонардо Спинацола е вистинскиот херој. Се повреди сериозно во дресот на Италија, замина на итна операција, но потоа се врати за финалето и порача дека ќе скока на една нога ако неговиот тим го освои пехарот. Неговите соиграчи играа за него од моментот на повредата.

ЕВРО 200 ние ќе го паметиме вечно, нека и следните големи фудбалски собири бидат со учеството на Македонија!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови