Италија го освои европскиот трофеј откако на пенали ја совлада Англија во финалето на „Вембли“. Капитенот Џорџо Киелини спиеше со пехарот и ја објави фотографијата на Инстаграм.
„Следејќи ја традицијата на мојот учител Фабио Канаваро“, напиша тој.
Канаваро исто така спиеше со пехарот кога Италија го освои Светското првенство во 2006 година.
Одговорот на Канаваро пристигна брзo: „Ви благодарам, капитене, денес е уште поубаво да се биде Италијанец и не заборавајте да го покриете бебето добро“.
Италијанската фудбалска репрезентацијава утрово пристигна во Рим, откако синоќа имаше лудо славје низ целата земја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













