
Џанлуиџи Донарума беше човекот на одлука кога драмата го достигна врвот, успеа да одбрани два пенали во низа и ја одведе Италија на европскиот трон. Беше прогласен и за МВП на Европското првенство.
Но, одличниот голман се наврати и на стартот од мечот, кога уште во втората минута се затресе неговата мрежа. Вели, „раниот погодок на Англија можеше да не убие, но тоа не сме ние – нема откажување“.
Голот на Лук Шо се случи во воведните две минути, но Леонардо Бонучи потоа успеа да израмни во вториот дел, а потоа Донарума беше решавачки во пенал-рулетот со две одбрани.
„Бевме извонредни. Сите знаете од каде започнавме и ова целосно го заслуживме. Тој брз гол можеше да нè убие, но тоа не сме ние. Ние никогаш не се откажуваме. Манчини секогаш потенцира. Можеме да примиме гол, но тогаш сакам брзо да дадеме два. Не беше лесно, бидејќи Англија добро се бранеше, но ние бевме спектакуларни и го заслуживме сето ова“, изјави Донарума.
Тој го наследи местото во националниот тим од Џанлуиџи Буфон, а во минатото Италија имала навистина славни голмански имиња.
„Не ни помислувам да се споредувам. Јас сум толку мал во споредба со тие легенди. Го наследив најдобриот што некогаш бранел. Се обидувам да го дадам најдоброто од себе, да му помогнам на тимот. И среќен сум што сум дел од една ваква Италија“, заврши најдобриот играч на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
