
Англија се сопна на последниот чекор. И понатаму останува без трофеј од Европско првенство. Гордиот Албион на пенали загуби од Италија на „Вембли“ во големото финале на ЕВРО 2020.
Капитенот на англискиот национален тим, Хари Кејн, ја подели со јавноста разочараноста од поразот, но исто така кажа дека се гордее со соиграчите.
„Не успеавме. Најдовратното чувство во фудбалот е да загубиш на пенали. Честитки за Италија, игравме против навистина силен ривал. Имавме перфектен старт на финалето, но можеби потоа паднавме премногу. Дозволивме Италија да се разигра и потоа беше тешко да го вратиме ритамот. Пеналите се лотарија. Сите заедно победуваме – сите заедно губиме. Горд сум на овие момци, покажаа многу на ова Европско првенство и докажаа дека Англија ќе биде еден од кандидатите за трофејот на Светското првенство во Катар“, изјави капитенот на Англија по поразот во финалето на ЕВРО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal