Англија е на чекор до емотивна експлозија на нацијата. Фановите повеќе од половина век исчекуваат нова голема титула на гордиот Албион, а вечерва може сонот да се реализира. Англичаните ќе ја пречекаат Италија во големото финале на ЕВРО, а очите се вперени кон Хари Кејн, капитенот кој треба да ја предводи селекцијата до посакуваниот трофеј.
„Се уште ништо не сме направиле. Имаме тим и искуство за да го кренеме трофејот. Но, против себе имаме и една фантастична Италија и затоа треба да бидеме совршени за да успееме да ја реализираме целта. Ќе биде тешко, го знаеме тоа, но мора да се пати многу за потоа да се слави со фановите. И го должиме на Англија овој пехар и ќе сториме се за да го кренеме в раце по завршување на финалето“, изјави Хари Кејн.
Големата пресметка меѓу Англија и Италија е закажана за вечерва, со почеток во 21 часот, на „Вембли“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal