
Англија се врати дома, ќе игра на „Вембли“ во финалето на Европското првенство, а противник е Италија. Англичаните љубат да кажат, да го вратиме фудбалот дома. Всушност, ова е нивно прво финале на ЕВРО и посакуваат да го освојат првиот пехар. По 55 години откако го освоија мундијалот, имаат шанса за нов голем трофеј.
Селекторот Герет Саутгејт ја истакна решеноста на гордиот Албион да ја израдува нацијата, вели дека фудбалерите се максимално подготвени.
„Сакаме да победиме, затоа сме тука. Сакаме да го донесеме трофејот дома. Фудбалерите се подготвени. Финалето можеби носи дополнителна возбуда, но ние на идентичен начин се подготвуваме за секој меч. Со нетрпение чекаме да почне големата пресметка“, изјави Саутгејт.
Големото финале на Европското првенство се игра утревечер (21 часот) на „Вембли“ во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal