
Цела Шкотска ќе навива за Италија во финалето на Европското првенство утревечер на „Вембли“ против Англија. Шкотскиот весник „Национал“, го стави Роберто Манчини на насловната страница во улогата на Мел Гибсон од филмот „Храбро срце“ и порача „Спаси не, ти си единствената надеж“.
Мисијата на Манчини овојпат ќе биде фудбалска, но асоцира Вилијам Валас, шкотски патриот и национален херој.
Поднасловот во весникот „Национал“ е уште посмешен и објаснува зошто во Шкотска ќе навиваат за италијанската репрезентација во финалето против Англичаните.
„Не можевме да издржиме уште 55 години„ тие ќе се фалат премногу“.
Референцата е очигледна за триумфот на Англија на Светското првенство во 1966 година. Очигледно дека финалето меѓу Англија и Италија ќе биде многу повеќе од фудбалски меч за сите на Стариот континент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal