
Англија е во финалето на Европското првенство, а селекторот Герет Саутгејт е херој на нацијата. Досега на ниту еден англиски селектор не му успеало да го одведе тимот до последното скалило за трофејот на Стариот континент.
Секако, тоа му носи и огромна популарност. Герет Саутгејт го надмина и поранешниот британски премиер Винстон Черчил според популарноста меѓу Британците, пишува „Дејли експрес“.
Селекторот на Англија ако сега излезе на гласање можеби ќе стане и премиер затоа што имал 72% рејтинг. Како компарација, Винстон Черчил за време на Втората светска војна имал 65% симпатизери.
Англија утревечер (21 часот) на „Вембли“ ќе игра против Италија во финалето на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal