
Леонардо Спинацола, левиот бек на италијанската фудбалска репразентација, кој заработи сериозна повреда на Ахиловата тетива и беше опериран, утревечер ќе биде на стадионот „Вембли“ во Лондон за финалето на Европското првенство, во кое „азурите“ ќе излезат на мегдан со Англија.
Спинацола беше еден од најдобрите играчи во селекцијата на Италија, но и комплетно на Европското првенство, но сепак немаше среќа да го доигра шампионатот откако се повреди на четвртфиналниот меч против Белгија..
„Утре ќе бидам во Лондон со соиграчите. Ние сме едно големо семејство и имаме одличен тим. Верувам дека момците ќе го дадат максимумот. Јас не можам да играм, но најмалку што можам да направам е да се појавам со патерици на „Вембли“ и да ги бодрам. А ако победат, ќе морам и да скокам и да славам со сите. Подготвен сум на тоа, иако докторите постојано ме потсетуваат да внимавам“, изјави Леонардо Спинацола за „Раи“.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal