
Лоши вести дојдоа од Англија во пресрет на финалето на Европското првенство. Прославениот англиски репрезентативец Пол Маринер почина на 68-годишна возраст.
Маринер одреден период беше сериозно болен, а пред неколку месеци имаше операција на мозокот, по што се чинеше дека се опоравува, но неговото тело сепак не успеа да го издржи целиот процес.
Тој е долгогодишен репрезентативец на Англија, за гордиот Албион играше од 1977 до 1985 година и беше член на селекцијата на Европското првенство во 1980 година и на Светското првенство во 1982 година. Маринер остави длабоки траги во текот на својата кариера играјќи за Арсенал, Портсмут, Ипсвич и за Плимут. Со Ипсвич, во чиј дрес постигна 96 гола, го освои Купот на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal