
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид би сакал да го врати во своите редови Антоан Гризман. Француската ѕвезда беше еден од најдобрите фудбалери во тимот на Диего Симеоне, а потоа одлучи да се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, таму не се снајде најдобро, секогаш е во сенка на Лионел Меси, а Барселона ова лето сака да се ослободи од него поради товарот што го носи неговата огромна плата.
За Гризман се интересира англискиот шампион Манчестер Сити, менаџерот Пеп Гвардиола во него ја гледа замената за Серхио Агуеро кој се пресели токму во Барселона, но сега и Диего Симеоне се вклучува во трката за враќање на францускиот ас.
Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде Жоао Феликс и овие пари да ги искористи за камбек на Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
