Connect with us

Рибери: Никој од Фиорентина не ми се јавил еден месец

Ветеранот Франк Рибери ќе ја напушти Фиорентина во овој летен преоден рок, а посакува да остане и понатаму во Серија А.


„Не знам, навистина размислував да продолжам тука во Фиренца, никогаш не сум го критикувал клубот и имам добри спомени. Но, никој не ми се јавил повеќе од еден месец. Сега би сакал да останам во Италија, би сакал да останам во овој шампионат”, изјави Франк Рибери.


Тој смета дека Фиорентина може многу повеќе да напредува во наредниот период.


„Пред да пристигнам го познавав клубот, има добар имиџ, важен е и не само во Италија. Никогаш не помислував дека би се борел за опстанок во двете години, но очигледно дека тимот треба да се надгради. Јас освоив сè во Баерн, дојдов во Фиорентина затоа што клубот има навистина важно име. Се надевам дека Фиорентина ќе се врати на своето некогашно нивоа=, бидејќи навивачите заслужуваат повеќе. Што се однесува до менем дадов сè од себе за тимот да бележи успех. Сепак, разделбата е неминовна, три или четири недели никој не ми се јавил, тоа е јасна порака дека треба да заминам. Мислам дека ја исполнив мојата мисија, бев максимално посветен, им помогнав на помладите фудбалери. Верувам дека ќе останам и понатаму во Италија“, истакна Рибери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови