
Напаѓачот Маркус Берг ја напушта репрезентацијата на Шведска, пренесува „Експресен“. 34-годишниот Берг откри дека одлучил да ја заврши репрезентативната кариера и дека ќе му се посвети на клупскиот фудбал.
„Јас сум исклучително среќен и горд на она што го направивме. Сега сакам да се фокусирам на мојата клупска кариера за да можам да играм уште неколку години“, изјави Берг.
Мечот против Украина на Европското првенство беше негов последен во дресот на Шведска.
Маркус Берг последните години играше за рускиот клуб Краснодар, но од 15 јули се враќа во неговиот матичен клуб Гетеборг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal