
Бјорн Куиперс ќе биде првиот Холанѓанец кој ќе суди финалето на Европско првенство. Тој в недела ќе ја дели правдата на мечот меѓу Англија и Италија на „Вембли“.
Куиперс е 48-годишен судија чие богатство се проценува на 13,4 милиони евра. Парите ги заработи со започнување на ланецот супермаркети „Џамбо Куиперс“, кој е спонзор на возачот на Формула 1, Макс Верстапен.
Куиперс започна да суди на меѓународни натпревари во 2006 година, а пред ова финале судеше две финалиња во Лигата на Европа и едно финале во Лигата на шампионите и беше дел од судискиот тим на европските шампионати во 2012 и во 2016 година и на последните две светски првенства.
Покрај неговите стандардни асистенти, четврти судија ќе биде Шпанецот Карлос дел Серо Гранде, а во ВАР собара главен ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
