
Капитенот на Англија, Хари Кејн, ги искажа своите очекувања за финалето на ЕВРО 2020 против Италија.
„Ова ќе биде неверојатен настан. Многу сум горд што го предводам тимот до историското финале. Како што се приближува натпреварот, напнатоста и нервозата ќе се зголемуваат. Ова ќе биде многу посебен ден. Ќе има победник и губитник. Треба да бидеме на победничката страна. Сакаме овој ден да биде посебен за секого. Ќе биде многу тешко, но дефинитивно ќе уживаме. Неверојатно сум среќен што сум капитен на овој тим“, изјави Кејн.
Англија ќе игра во финалето на Европското првенство против Италија в недела (11 јули) на стадионот „Вембли“ во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
