Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос го замени дресот на Реал Мадрид со тој на Пари Сен Жермен. Капитенот на шпанкиот национален тим стави потпис на двегодишен договор со ПСЖ, откако по цели 16 години замина од „Сантијаго Бернабеу“.
„Ова е најдоброто место за да продолжам да сонувам, најдоброто место за да продолжам да победувам. Ќе се бориме со сите средства за да ги освоиме сите трофеи“, истакна Серхио Рамос на презентацијата како ново засилување на Пари Сен Жермен.
Претходно, ПСЖ го доведе и Ашраф Хакими, а договорено е и доаѓањето на италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













