
Англија е во финалето на Европското првенство откако синоќа ја победи Данска со 2-1. Полуфиналниот натпревар беше решен со сомнителен пенал во првото продолжение.
Стерлинг влезе во шеснаесетникот и падна по многу благ контакт со Мехле. Макели досуди пенал, а по консултација со ВАР не отиде ниту да го погледне видеото. Ударот на Кејн од белата точка го одбрани Шмајхел, но топката повторно беше одбиена до англискиот напаѓач кој од вториот обид ја испрати својата репрезентација во финалето против Италија.
„Не сум сигурен дека сакате да слушнете што ќе ви кажам“, беше првата порака од славниот тренер Жозе Мурињо во анализа за британскиот „TALKSport“.
“Сепак, ќе го кажам она што го видов. Можеби не ви се допаѓа … Не беше пенал! Подобриот тим победи, Англија е фантастична и заслужена во финалето, но тоа никогаш нема да биде пенал. Не ja разбирам одлуката на судијата, особено на ова ниво и во полуфиналето на ЕВРО. Уште помалку ја разбирам одлуката на судиите од ВАР – собата да не реагираат. Како љубител на фудбалот сум среќен што Англија е во финалето, но и тажен за патот по кој дојд до него“, изјави Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
