Англија се пласираше во финалето на Европското првенство, но остана голема дилема дали судијата Дани Макели постапи правилно кога покажа на белата точка во 104.минута, при акцијата на Рахим Стерлинг во шеснаесетникот на Данска. Тој падна во дуелот со двајца дански фудбалери, но големо прашање е дали имаше елементи за пенал.
Францускиот стратег Арсен Венгер вели дека немало пенал за Англија.
„Нема пенал во оваа ситуација. Не разбирам зошто судијата самиот не појде да ја погледне снимката и да донесе одлука. Овојпат ВАР го изневери судијата“, изјави Венгер.
Англија ќе игра против Италија во финалето на ЕВРО, в недела (21 часот) на „Вембли“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













