Англија е во финалето и в недела на „Вембли“ ќе игра против Италија за својот прв пехар од европските првенства. Гордиот Албион по продолженија славеше против Данска со 2-1. Ќе има многу контроверзи за пеналот што Дани Макели го досуди за Рахим Стерлинг во 104.минута кога падна, но се чини имаше само минимален или немаше контакт од противничките фудбалери.
Хари Кејн шутираше, Каспер Шмајхел одбрани, но одбиената топка дојде повторно до напаѓачот на Англија кој успеа да ја затресе мрежата.
Данска поведе во 30.минута со прекрасниот шут на Микел Дамсгард во 30.минута. Само девет минути подоцна, по уфрлувањето на Бакајо Сака од десната страна, во обид да интервенира и да расчисти, Симон Кјаер си постигна автогол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal