Барселона сака да се ослободи од босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ, многу клубови покажаа интерес за него, а еден од последните е Арсенал, пишуваат англиските медиуми.
Досега интерес од Англија покажаа Тотенхем и Челси, а сега во трката се вклучува и Арсенал, кој наводно веќе започнал преговори.
„Топчиите“ се подготвени да го донесат Пјаниќ на позајмица и да ја преземат комплетно неговата плата, но доколку заемот е „бесплатен“. Арсенал не е подготвен да и плати на Барселона отштета за евентуалната позајмица.
Желбата на играчот за врска е да се врати во Серија А, но не би имал против да се испроба и во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













