Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ја презеде контролата над Реал Мадрид, ги почна подготовките со „кралскиот клуб“, а има и одлична алтернатива за засилување во нападот доколку Флорентино Перез не успее да го реализира трансферот на Килијан Мбапе.
Пари Сен Жермен нема така лесно да се откаже од Мбапе, прескап е и Ерлинг Халанд, па Анчелоти сака на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Бразилецот Ришарлисон од неговиот претходен тим, Евертон.
Во моментов тој е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка и ќе игра во финалето против Аргентина, а потоа ќе добие и заслужен одмор пред повторно да започне со тренинзи за следната сезона. Анчелоти смета дека дотогаш ќе бидат многу појасни и некои работи со трансферот на Мбапе, а во последните денови од преодниот рок Ришарлисон би моѓел да пристигне во Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













