Данскиот репрезентативец Каспер Шмајхел, кој е член на англискиот премиерлигаш Лестер, на интересен начин ги „закачи“ Англичаните за песната со која се бодрат на ова Европско првенство – „Се враќа дома“ (It’s coming home).
„А, кога трофејот бил кај вас дома? Кога сте го освоиле?“, ги праша Шмајхел англиските фанови.
Вистина е, Англија никогаш не успеала да игра ниту во финале на Европско првенство, а единствениот трофеј е од Светското првенство во 1966 година.
Шмајхел утревечер ќе биде последната пречка во селекцијата на Данска за англиските репрезентативци во полуфиналето на „Вембли“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal