
Италија игра одлично на Европското првенство, селекторот Роберто Манчини го продолжи стилот на цврста одбрана, но и внесе многу свежина со инвентивниот напад. „Аѕурите“ со стил стигнаа до полуфиналето, а таму ги чека селекцијата на Шпанија. Вечерва на „Вембли“ се очекува голема пресметка за влез во големото финале.
Манчини има голем респект за Шпанците, но верува и во квалитетите на својата селекција.
„Шпанците ја измислија „тики-така“ и тој стил им носеше многу успеси во минатото. Забележаа големи резултати, но природно дојде и до промени во нивниот состав. Се уште ја негуваат истата игра, со голем посед на топката, а ние сме Италија и играме малку поинаку. Оваа Италија е храбра и во секој момент размислува како да постигне погодок. Атмосферата е одлична, веруваме во нашите сили и одиме да се надигруваме со Шпанците. Ќе биде тоа голем спектакл на „Вембли“ и навистина се радувам за тоа“, изјави Роберто Манчини.
Првиот полуфинален дуел на Европското првенство меѓу Шпанија и Италија е закажан за вечерва (21 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
