
Фудбалската репрезентација на Англија доминантно се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако на „Олимпико“ во Рим ја прегази Украина со 4-0. Селекцијата на Герет Саутгејт се уште нема примено ниту еден гол, а Хари Кејн и другарите се покажаа во напаѓачка улога во престолнината на Италија.
Данска е следниот ривал за Англичаните кои сега се враќаат на „Вембли“ и дома ќе се обидат да го освојат посакуваниот пехар. По 25 години, првпат ќе играат во полуфиналето, и тоа пред домашната публика.
Хари Кејн уште во четвртата минута донесе водство за Англија, а Украина имаше надежи до крајот на првиот дел. Со почетокот на второто полувреме, Хари Мегваер со удар со глава зголеми на 2-0 во 46.минута, а четири минути подоцна Хари Кејн погоди уште еднаш за тотален крах на Украинците.
Во 63.минута и Џордан Хендерсон се запиша меѓу стрелците за убедлив триумф на Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Само бод за Атлетико од гостувањето кај Мајорка
